Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ не го дава врвот, со големи шанси таму да остане и по одигрување на Ф4 во Будимпешта

Пенезиќ не го дава врвот, со големи шанси таму да остане и по одигрување на Ф4 во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар по втор пат го победи Митјиланд и се пласираше на завршниот турнир во Будимпешта. Четрврта сезона по ред, црвено-црните ќе бдиат дел од најдобрите екипи во Европа и за прв пат ќе се обидат да стигнат до шампионската титула. Андреа Пенезиќ беше повторно лидер на Вардар, која го заврши натпреварот со 6 постигнати голови, додека на првиот меч во Данска беше стрелец на 7 голови. Пред одигрување на завршниот турнир во Будимпешта, Пенезиќ ќе влезе како најдобар стрелец во лигата на шампионите. Левиот бек на Вардар го држи врвот со 87 постигнати голови, додека втора е Ана Грос од Мец со 84 погодоци, која веќе ги заврши настапите за оваа сеона во најголемото ракометно натпреварување. Најголеми конкуренти на Пенезиќ до крајот на сезоната ќе и бидат Кристина Неагу која има 80 голови, како Катарина Булатовиќ и Изабела Гилден кои имаат по 79 голови.

Од ракометарките на Вардар на 16 место е Јованка Радичевиќ со 58 голови, Андреа Лекиќ на 23 позиција има 49 голови, додека Лакрабер е на 26 место со 47 голови.