Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Две победи и еден пораз за машката екипа на РК Вардар, на првиот ден на “Трофеј Белград“
Две победи и еден пораз за машката екипа на РК Вардар, на првиот ден на “Трофеј Белград“

Две победи и еден пораз за машката екипа на РК Вардар, на првиот ден на “Трофеј Белград“

Екипата која е предводена од Зоран Петковски и Слободан Чивлачки денес ги започна настапите на турнирот “Трофеј Белград“. Тие денес одиграа три натпревари на кои забележаа две победи и еден пораз.

На првиот меч од групната фаза се сретнавме со екипата на ОРК Земун, на кој бевме минимално поразени со резултат 19:21. Многу израмнет и неизвесен натпревар, кој на крај му припадна на противникот. На вториот дуел од денешната програма, Вардарци за противник го имаа тимот на РК Раковица. Успеавме да се вратиме во победнички ритам и на крајот да славиме со резултат 23:21. Заслужен триумф на овој натпревар, на кој во најголем дел имавме предност. Во третото коло од групата одигравме меч со екипата на Пожаревац, на кој ја забележавме втората победа на турнирот во Белград. Тука на крајот славевме со конечен резултат од 19:16.

Во текот на утрешниот ден го играме последното коло од групнат фаза. Со почеток од 10:20 часот го играме четртото коло против екипата на Вождовац 2012. Математиката вели доколку победиме на овој натпревар, ќе обезбедиме место во полуфиналето.