Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Кои играчи ќе бидат замените за Мијушковиќ и Обрегон!?
Кои играчи ќе бидат замените за Мијушковиќ и Обрегон!?

Кои играчи ќе бидат замените за Мијушковиќ и Обрегон!?

Управата на ФК Вардар изгледа дека сака сериозно да го “исчисти” тимот уште пред новата година. Несомнено, во Вардар има голем број на играчи во ростерот кои не заслужуваат да го носат “црвено – црниот” дрес. Првите двајца кој си заминаа со спогодбен раскин на договор беа Немања Мијушковиќ и Џон Обрегон. За овој првиот малку чудно.. Мијушковиќ важеше за еден добар дефанзивец, кој со добрите партии во дресот на Вардар стана и репрезентативец на својата земја. Но, се чини дека “киксот” против Динамо Загреб беше пресуден. По тој натпревар нашиот играч речиси и да не доби посериозна минутажа. Обрегон.. нова голема “утка” кога е во прашање потрагата по квалитетен шпиц играч. По Огбона, Нимани, дојде ред и на Обрегон. Веќе “екс” играчот на “црвено – црните” речиси и да не покажа ништо  овие шест месеци, а беше и дел од тимот на натпреварот против големиот Динамо Загреб.

Вардар се чини дека не планира да застане тука. Според најавите, уште на три до четири играчи ќе им биде соопштено дека нема да се смета на нивните услуги во новата година. Доаѓаме до попoлнувањето на овие две веќе празни места. Според најавите на дел од медиумите во нашата земја, Висар Мислиу речиси сигурно ќе биде замената за Мијушковиќ. Мислиу е млад играч, кој настапува за тимот на Ренова. Останува да видиме во наредниот период дали овој играч ќе ги прифати условите кој Вардар му ги нуди. И пак, доаѓаме до веќе “болната точка” во Вардар, нов напаѓач. Според некој од медиумите играчот на Силекс Недељковиќ би можел да биде замената за Обрегон, но, според нашите информации тоа нема да се случи. Вардар и овој пат ќе се насочи во потрага по нов голгетер кон далечната Јужна Америка или Бразил. Играчи од тој крај има колку сакаш, па се надеваме дека овој пат изборот ќе биде полн погодок за нашиот тим.

Несомнено, не очекува интересен трансфер период. За мало потсетување, Вардар досега доведе едно огромно засилување. Се работи за одличниот Бесир Демири кој дојде од Шкендија.