Пионерките на ракометниот клуб Вардар стигнаа до уште една нова победа на силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“. По утринскиот триумф против екипата на Космај (20:14), избраничките на Драгана Ристова и во вториот натпревар беа подобри од својот противник. Екипата на Сингидунум беше противник во второто коло од групната фаза, а црвено-црните повторно одиграа одличен меч и славеа победа.
На денешниот натпревар имавме слаб старт, каде му дозволивме на противникот да поведе со 4:1 и уште на стартот да се одлепи резултатски. Сепак оваа почетна негатива не ги обезхрабри нашите Вардарки, кои му дадоа знаење на противникот дека нема лесно да се откажат од триумф на овој дуел. Следува фуриозно враќање во игра за избраничките на Ристова, кои со серија од пет последователни голови прават резултатски превсрт и поведуваат со 4:6. Во следните минути Сингидунум успева да го израмни резултатот на 6:6, но на одмор црвено-црните сепак заминуваат со минимална предност од 6:7.
Второто полувреме започнува со гол на Вардар, за враќање на двата гола предност, додека во продолжение од мечот стигнуваме и до највисоки четири голови разлика 7:11. Ова беше решавачкиот чекор за нашите пионерки до втората победа на турнирот. Предноста раснеше во последните моменти ги “скршивме“ тотоално, победивме со “седум плус“. Конечниот резултат гласеше 9:16. Прв стрелец беше Мирјана Петковска со постигнати пет гола на овој дуел.
Утре го играме последниот натпревар од групната фаза, против екипата на Јуниор. Првите две пласирани екипи од двете групи во четврток ќе играат во полуфиналето, а нашите млади надежи со една нога се веќе меѓу најдобрите четири екипи.