Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров, Шишкарев и Деревен дел од Руската репрезентација на турнир во Летонија, како подготовка за СП во Франција
Дибиров, Шишкарев и Деревен дел од Руската репрезентација на турнир во Летонија, како подготовка за СП во Франција

Дибиров, Шишкарев и Деревен дел од Руската репрезентација на турнир во Летонија, како подготовка за СП во Франција

Од денес па се до четврток ракометната репрезентација на Русија во која има играчи на Вардар ќе бидат дел од турнирот “Куп на советот на Град Рига“ кој ќе се одигра во Летонија. Покрај Русија учеснцици се и домашната селекција на Летонија, потоа Белорусија и Египет. Ова ќе биде еден од посилните тестови за Руската репрезентација пред заминувањето на СП, кое од 11-23 јануари ќе се одржи во Франција.

За овој подготвителен турнир, селекторот Дмитриј Торгованов повика 17 ракометари, а меѓу нив тројца се од ракометниот клуб Вардар. Данил Шишкарев, Тимур Дибиров и Александер Деревен ќе бидат дел од составот за овие натпревари. Првиот на програмата е веќе денес од 17 часот, каде Русија ќе игра против селекцијата на Египет. Утре Русија за противник ја има домашната селекција на Летонија, додека во четврток го затвара турнирот со меч против Белорусија.  Токму Русија го освои минатогодишното издание на овој турнир.

На СП, Русија ќе биде во групат А, заедно со домаќинот Франција, Полска, Норвешка, Бразил и Јапонија. Следната и последна фаза од подготовките за Русија е на 2-јануари, каде собирот ќе биде во Новогорск. Се очекува сите тројца Вардарци да бидат дел од мундијалот во Франција.