Со изградба на фудбалската Академијата на фудбалскиот клуб Вардар сместена во Градскиот парк условите за работа на младите категории се на завидно ниво. Покрај фудбалските тренинзи одлични се и условите за подготовка на младите голмани. Ви носиме наше видео како вардаровите “чувари на мрежата“ под водство на нивниот тренер Слободан Мутибариќ ги одработуваат своите активности, задачи и вежби. На видеото може да се видат тројцата голмански надежи Јоце Спасовски, Мартин Ивановски и Андреј Данстак кои работеа елементи за усовршување на голманската техника. Сето тоа се спроведуваше под будното око на тренерот Мутибариќ.
