Ерменскиот интернационалец во дресот на ФК Вардар Хофханес Хамбарџумјан оваа полусезона немаше многу среќа кога се во прашање настапите во првата македонска фудбалска лига. Нашиот играч поради повреди настапи само на шест првенствени натпревари, односно одигра само 284 минути, што во споредба со минатата сезона е многу малку. Но, есенскиот дел од сезоната е веќе зад нас, го очекуваме еден од најдобрите играчи во “црвено – црниот” дрес да се врати по новата година во препознатливата форма. Погледнете ги сите голови на популарниот Хоф во дресот на ФК Вардар.
