Три младински екипи на ракометниот клуб Вардар учествуват на меѓународниот турнир “Трофеј Белград“. Најмладата екипа на овој турнир се пионерските на Вардар, тие веќе одиграа меч со екипата на Космај ова утро. Нашите девојки дојдоа до првиот триумф на турнирот со резултат 20-14. Дуелите во оваа категорија на турнирот се играат двапати по дваесет минути.
Мечот почна со гол за црвено-црните девојки кои поведоа 0-1. Одлични воведни пет минути имавме поведовме со 0-4 и наговестивме дека ќе идеме на “цел плен“. Сепак нашиот противник имаше свои минути во продолжението успеава да парира и да полека го топи водството, со серија 6-2 тие на средината од првиот дел не изедначуваат, резултатот беше 6-6. Сепак црвено-црните не сакаа да ја прокоцкаат предноста и да одмор да идат без разлика. Следува наша серија 1-4 со која на одмор заминавме со комотни “три плус“, односно 7-10 за Вардар.
Вториот дел стартуваше со гол на нашиот противник, Космај кој намали на 8-10, заканувајќи ни се повторно да се доближи. Сепак девојките предводени од клупата од Драгана Пецевска-Ристовска тоа не го дозволија. Прават серија 0-3, и поведуваме со “плус пет“ односно 8-13. Во игра гол за гол на двете страни двата тима постигнуваат по три гола нашата преност е сигурна и во финишот влегуваме со 11-16. Во последните минути успеваме и да ја зголемиме предноста триумфираме со шест гола разлика на крајот 14-20. Најефикасна кај нас беше Андреа Седлоска со 7 погодоци, а Костовиќ Ангела и Ѓоргиевска Стефанија постигнаа по три погодоци во нашиот табор.