Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Последна недела одмор, идниот вторник Парондо прв пат ќе “прозива“
Последна недела одмор, идниот вторник Парондо прв пат ќе “прозива“

Последна недела одмор, идниот вторник Парондо прв пат ќе “прозива“

Ракометарите на регионалниот и македонскиот шампион, РК Вардар ја “трошат“ последна недела од својот летен одмор. Според планот веќе  идниот вторник новиот кормилар, шпанскиот тренер кој ќе ги води црвено-црните, Роберто Гарсија Парондо прв пат ќе “прозива“. Првиот собир пред почетокот на новата сезона ракометарите на Вардар ќе го имаат на 24 јули во Скопје, во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 18:00 часот.

Нашиот тим  полека го комплетира играчкиот кадар со кој ќе настапи во новата натпреварувачка сезона. Засега од клубот официјално потврдија три нови засилувања, тоа се Стас Скубе и повратникот во екипата, Сергеј Горбок, а од утрово и  десниот бек од Русија, Дмитри Киселев. Официјализација треба да добие и новиот голман, Дејан Милосављев.  Покрај тоа во тимот останаа неколку староседелци, повеќе за комплетирањето-овде.

Позната е  програмата,  па така од 24 јули до 31 јули ќе се работи во Скопје каде ќе се извршат сите потребни лекарски прегледи. Потоа се заминува на подготовки на Крањска Гора во Словенија од каде директно екипата ќе отпатува за Германија на турнир. Планирано е до почетокот на сезоната да се настапи на два меѓународни турнири, во Германија и во Франција. Исто така ќе го одиграме и натпреварот од Супер купот на Македонија, на 18 август во Струга против тимот на Металург.