Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо најдобар тренер, четири вардарови играчи во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ
Парондо најдобар тренер, четири вардарови играчи во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ

Парондо најдобар тренер, четири вардарови играчи во ОЛ-СТАР тимот на ЛШ

Гласањето заврши, ЕХФ го избра идеалниот тим на сезоната во Лигата на Шампионите, на само еден ден пред одигрување на завршниот турнир во Келн.

Вардар доминира со најдобриот тим, со дури четири ракометари. Црвено-црните ги имаат најдобрите крила, Тимур Дибиров на левата, односно Иван Чупиќ на десната позиција. За најдобар десен бек е прогласе летонскиот „џин“ Даинис Кристопанс, додека Дејан Милосављев е најдобриот голман оваа сезона во Лигата на Шампионите. Големо признание и за Гарсија Парондо, кој доби најмногу гласови во борбата за најдобар стратег.

Голман: Дејан Милосављев Вардар

Лево крило: Тимур ДибировВардар

Лев бек: Микел Хансен – ПСЖ

Среден бек: Кентан Мае – Веспрем

Десен бек: Даинис КристопансВардар

Десно крило: Иван Чупиќ Вардар

Пикер: Хулен Агинагалде – Келце

Млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселонаи

Дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем

Тренер: Роберто ПарондоВардар

Видеото со најдобриот тим во ЛШ, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.