Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе: Неверојатно е како се сака Вардар, колкава е таа поддршка кон нас!
Скубе: Неверојатно е како се сака Вардар, колкава е таа поддршка кон нас!

Скубе: Неверојатно е како се сака Вардар, колкава е таа поддршка кон нас!

Словенецот во редовите на Вардар, Сташ Скубе утре ќе го игра првиот завршен турнир во својата кариера. Скубе потенцираше дека Барса е многу опасен тим и дека грешките треба да се сведат на минимум, во спротивно ќе биде казнети со лесни голови. Скубе исто така ги пофали и навивачите на Вардар, за кој вели, ќе играме за нив!

„Подготвени сме, но не чувствуваме притисок. Тука сме во Келн, го живееме сонот, а зад нас е цела Македонија. И неверојатно е како се сака Вардар, колкава е таа поддршка кон нас. Едноставно после такво нешто невозможно е да не го остави последниот атом од силите. Ако во нападот не си добар и не ја намалиш бројката на технички грешки на минимум нема шанси да играш против Барселона. Секоја грешка ја користат за лесен гол. 

Вардар во полуфиналето ќе се сретне со Барсa утре со почеток од 18:00 часот.