Останува уште еден еден до стартот на новата сезона во Лигата на Шампионите, во која Вардар влегува како актуелен освојувач на истата.
Пред стартот на новата сезона од ЕХФ излегоа со нов ранкинг, во однос на шансите на екипите да ја освојат Лигата на Шампионите. Вардар се најде во ТОП-10 екипи, односно на 7.позиција на најновата ранкинг листа. Според експертите во ЕХФ, првите неколку кола ќе покажат колку ќе недостасуваат во тимот, тренерот Парондо, како и заминувањето на неколку важни играчи, како Милосављев, Фереира и Карачиќ. Веспрем се гледа како прв фаворит за освојување на Европската круна, потоа следат екипите на Барселона, ПСЖ, Кил, Киелце и Пик Сегед.
Новата сезона во ЛШ стартува утре, со меч во послабите групи, меѓу екипите на Кокс и Савехоф, додека Вардар својот прв дуел ќе го одигра на 14.септември кога гостува кај тимот на Монпелје.