Четири генерации на ФК Вардар беа дел од младинскиот меѓународен турнир „Кул Куп 2019“. Генерацијата 2007 го освои бронзениот медал, со победата во малото финале против екипата на Талент Битола (5:1), додека генерацијата 2008 е сребрена, откако во финалето загуби на пенали (3:2) од екипата на Црвена Ѕвезда.
На завршната церемонија се доделуваа медали и трофеи за најдобрите екипи. Погледнете фотографии од истата.