Се уште не стивнува атмосферата од освоената Европска титула на Вардар. Црвено-црните и по втор пат успеаа да ја покорат Европа и да покажат дека се најдобри. Оние кои на почетокот на сезоната го отпишуваат Вардар за највисок пласман беа и самите стручни лица во ЕХФ, кои не ни даваа шанси да големи успеси. Сепак Вардар го докажа спротивното, повторно успеа да се издигне и да се покаже како најдобар на „маратонскиот“ завршен турнир во Келн. Играчите имаа незаборавен пречек во Скопје, а ЕХФ целата прослава ја скоцка во една минута и го напиша следново:
Вардар се врати во Скопје, а атмосферата беше најдобрата која воопшто може да ја замислите. Голем број на навивачи, семејства и цело Скопје дојдоа да им ја дадат поддршката и сите заедно да го прослават трофејот.
Погледнете на линкот, ТУКА, како од ЕХФ го видоа дочекот на Европскиот Шампион.