Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Бод за РК Вардар 2 на гостувањето во Кавадарци, со многу пресврти на крајот поделба на бодовите

Бод за РК Вардар 2 на гостувањето во Кавадарци, со многу пресврти на крајот поделба на бодовите

Вечерва во Кавадарци се одигра натпревар од првата ракометна лига, помеѓу екипите на ГРК Тиквеш 2014 и Вардар. На крајот двете екипи ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 27:27.

Во првите пет минути се играше гол за гол на двете страни, за прв пат домашниот тим да има два гола разлика (5:3 и 6:4). Нашите млади момчиња во продолжение од првото полувреме во неколку наврати го израмнуваа резултатот, а последното израмнување беше при 8:8. Од тие моменти му дозволивме на Тиквеш да постигне пет голови во серија и за прв пат да има највисоки 13:8. Имаше противникот и водство од 15:11, но финишот им припадна на црвено-црните кои со два последователни голови намалија на 15:13.

На стартот на вториот дел по еден гол на двете страни, за на семафарот да остане истата разлика (16:14). Избраниците на Зоран Петковски имаа добри пет минути каде успеаа да направат серија од 0:4 и за прв пат на мечот да имаат предност од 16:18. Одлично игравме во овој дел од натпреварот каде имавме и водство од четири голови разлика (20:24) на 12 минути пред крајот на натпреварот. Сепак во следните минути беше доведено во прашање нашиот триумф, бидејќи Тиквеш прави неверојатна серија од 26:24 и во тие момент беше поблиску до победата. Ние не помисливме да се предадеме, па од 27:25 успеваме да израмниме на 27:27. Овој резултат беше и конечен на крајот од натпреварот.

Најефикасен во нашите редови беше Марко Мишевски со 9 голови.После три последователни победи во пролетниот дел ова беше прв нерешен резултат за Вардар 2.

РК Вардар 2: Дамчески 1, Чакалиќ 2, Крстевски, Мишевски 9, Трајковски 3, Димитров 2, Апостоловски 1, Гичев, Лазов 1, Стојов, Мицаноски, Брауновиќ, Стоилевски, Стошиќ 4, Амзоски 3, Стојановски 1.