Вчера во меч од групата-А каде што е и актуелниот европски првак, РК Вардар се случи изненадување. Екипата на Никола Митревски, Порто влезе како голем фаворит во дуелот со Елверум, португалскиот тим загуби на домашен терен со 28-30. Очигледно е дека ќе не чека интересна сезона во шампионската лига, секој меч ќе биде битка за себе.
Норвешкиот тим, идниот четврток гостува во Јане Сандански. Дуелот во Скопје е закажан за 20:45 часот.