Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Филип Вардар дојде до „бронза“ на турнирот „Еден живот, една љубов“
РК Филип Вардар дојде до „бронза“ на турнирот „Еден живот, една љубов“

РК Филип Вардар дојде до „бронза“ на турнирот „Еден живот, една љубов“

Денес во Јане Сандански  се играат дуелите за пласман на турнирот „Еден живот, една љубов“. Кај момците родени 2006/2007 се одигра  малото  финале. По истото тимот на РК Филип Вардар  од Прилеп дојде до „бронза“ совладувајќи ја екипата на РК Урдаревски од Скопје со пресврт.

Дуелот започна со  водство за тимот од Скопје кој поведе со 1-0, потоа отиде и на 6-3 некаде на средината на првиот дел. Тимот од Прилеп се обидуваше да се врати во игра, бидејќи до тој момент противникот на секој нивни гол одговараше со два во нивната мрежа. До крајот на полувремето одиграа гол за гол и со тие три негатива заминаа на пауза. На семафорот во Јане Сандански стоеше 10-7 за РК Урдаревски за време на паузата.

71842568_383695122570766_6175643469583745024_n

Вториот период започна како што заврши и првиот со игра гол за гол на двете страни. По 5.минути игра скопјани и понатака водеа со три плус, 12-9. Следеше серија на РК Филип, тие заиграа пеколно имаа расположен голман, и направија серија 2-7 со која поведоа со  14-16. До крајот продолжија со исто темпо, успевајќи да ја удвојат разликата. До бронза дојдоа со резутат 15-19