Момците на Будимир и Станковски, кадетите на Вардар Јуниор по двете победи во кадетската лига оваа сезона денес запишаа и триумф во младинската. Вардар на гостувањето кај тимот на РК Пролет победи со резултат 25-37, во меч во кој ние доминиравме во сите аспекти на ракометната игра.
Домаќинот отвори со гол за почетни 1-0, тоа беше нивно прво и единствено водство на овој младински дуел, потоа започна нашата доминација. Поведовме со 1-3 а потоа и со 6-9. Противникот се обиде да се врати во игра, се трудеше максимално и се доближи на само два гола при резултат 9-11. Веднаш ние го дигнавме нивото во одбрана како што тоа го бара Будимир од своите пулени, станавме непемослива пречка за ривалот. Следеше наша серија до крајот на првиот дел, на еден нивни гил одговоривме дури со шест па со резултат 10-17 заминавме на пауза. Големата предност беше обезбедена со одлична игра во двата правци на црвено-црните младинци.
Противникот намали на почетокот на 12-18, тоа беше единтвен период кога има сили да парираат. Ние повторно тргнавме силовито, влеговме во серија и поведовме со двоцифрена предност. На семафорот стоеше 15-25 некаде по крајот на првата третина од вториот период од овој прв младински дуел оваа сезона. Машината тргна и немаше запирање, ние до крајот ја стабилисиравме предноста, додатно ја зголемивме и за два погодока. Победата дојде со резултат 25-37 на овој дуел.
Кај нас прв стрелец беше Бојан Чакалиќ кој погоди дури осум пати, Давид Савревски постигна шест голови, двајца момци имаа по пет гола, станува збор за: Пешевски и Мишевски.