Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2009 го освои турнирот во Бугарија, Баснарков најдобар голман, додека Папалиски најдобар играч
ФК Вардар генер. 2009 го освои турнирот во Бугарија, Баснарков најдобар голман, додека Папалиски најдобар играч

ФК Вардар генер. 2009 го освои турнирот во Бугарија, Баснарков најдобар голман, додека Папалиски најдобар играч

Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар го освоија турнирот „Дупница Куп“ кој овие два дена се играше во Бугарија. Избраниците на Игор Кралевски со четири победи од исто толку мечеви на доминантен начин го освоија турнирот.

Денес во големото финале нашите млади надежи се сретнаа со екипата на Орлетата од Бугарија, која ја совладаа со резултат 4:0. Одлична игра на црвено-црните кои го надиграа противникот и на крајот стигнаа до заслужената победа, која им донесе прво место на турнирот. Васко Папалиски беше играчот кој постигна два гола, додека во листата на стрелци се запишаа уште и Матеј Николов и Јаков Стојковски.

Покрај освоениот златен медал, беа доделени и поединечни награди кои им припаднаа на нашите играчи. Марко Баснарков беше прогласен за најдобар голман, додека признанието за најдобар играч заврши во рацете на Васко Папалиски.

2 3 4 5