Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > „Гол Шоу“ на Стефан Младеновски, генер.2007 на ФК Вардар со нови победи во детската лига
„Гол Шоу“ на Стефан Младеновски, генер.2007 на ФК Вардар со нови победи во детската лига

„Гол Шоу“ на Стефан Младеновски, генер.2007 на ФК Вардар со нови победи во детската лига

Генерацијата 2007 на ФК Вардар продолжува со победите во детската лига. Утрово на терените на ФФМ, избраниците на Горан Петрески ги победија екипите на Фортуна и Спорт Ефе.

a-2

Неверојатен добар натпревар одигра екипата на Вардар (1) која го прегази тимот на Фортуна, на овој дуел нашите млади надежи победија со високи 17:0, од кои десет голови беа зад името на Стефан Младеновски. Резултатот на овој меч го отвори Александар Грашески кој му донесе предност на Вардар од 1:0, а после само две минути во листата на стрелци се запиша уи Стефан Младеновски за зголемување на 2:0. Игравме „викторија“ пред голот на противникот, кој речиси немаше ниту една сериозна шанса кон нашиот гол. Со вториот погодок на капитенот Грашески, кој денес одигра нов одличен меч, едноставно беше „моторот“ на екипата, Вардар зголеми и на 3:0, додека втор гол и за Стефан Младеновски кој му донесе водство на Вардар од 4:0. После една „магична“ и ретко видена асистенција на Грашески, во листата на стрелци успева да се запише и Марко Крстевски, кој погоди за веќе предност од 5:0. Се обиде и Шаботиќ, но неговиот удар го одбрани голманот. Избраниците на Чунга Лунга беа во налет кон голот на Фортуна, а прв гол денес и за стоперот Лука Атанасовски, кој погодува со глава после нафрлена топка од корнер, за резултат 6:0. До крајот на првиот дел, видовме уште еден гол во противничката мрежа, кој беше дело на Александар Грашески, хет-трик за капитенот на Вардар, кој погоди после асистенција од Младеновски, на полувреме имавме високо водство од 7:0.

a2 a3

Вардар одигра перфектно добро и во второто полувреме, додека Фортуна беше во подредена улога. Во листата на стрелци успева да се запише и Иван Блажевски кој донесе предност од 8:0, додека до крајот на мечот доминираше нашиот напаѓач, Стефан Младеновски, кој се што шутна заврши во мрежата на Фортуна. Откак Грашески му нафрли топка од корнер, Младеновски со глава ја заби топката во голот, за водство од 9:0. Стефан Младеновски успева да ги постигне и следните шест голови во продолжение од мечот, некои од нив беа и атрактивни, кој со глава, кој после силно упатен удар, голманот на Фортуна речиси во секоја минута ја вадеше топката од неговата мрежа, а резултатот веќе беше 15:0. До крајот на дуелот, за уште поубедлива победа се погрижија Грашески и повторно Младеновски, кои ги поставија конечните 17:0 на овој меч. Невидена доминација за целиот тим на Вардар, кој одигра креативно со многу акции, точни пасови и офанзивна игра.

a5

 До победа стигна и екипата на Вардар (2) која беше подобра во дуелот со екипата на Спорт Ефе (2:0). Работите ги решивме во првото полувреме, кога истиов резултат беше актуелен. Прв кој се обиде беше Мичо Поповски, но одбрани голманот на Спорт Ефе. Прва акција посериозна и за противникот, но ударот оди крај нашиот гол. Вардар повеќе покажа и на овој дуел и на крајот стигна до заслужена победа, која можеше да биде и поубедлива доколку реализиравме уште некоја шанса. Кај Вардар обиде имаа и Блажевски, како и Смиљков, но нивните удари одат крај голот. Вардар го отвори резултатот на 1:0 со погодокот на Михаил Јорданоски, кој погоди на одбиена топка, откако најпрво биеше Смиљков. До крајот на првиот дел уште еден гол за момците на Петрески, дело на Филип Смиљков, кој погоди на нафрлена топка од Блажевски.

a6

Во вториот дел резултатот остана непроменет, иако имавме неколку прилики за погодок, кои останаа неискористени, имавме контрола на играта и не му дозволивме на Спорт Ефе да го загрози нашиот гол.