Денес во Јане Сандански се играат дуелите за пласман на турнирот „Еден живот, една љубов“. Кај момците родени 2006/2007 се одиграа полу-финалињата и веќе се познати екипите кои ќе играат во финале.
Момците на РК Будимир Вардар со пресврт во вториот период од дуелот го совладаа тимот на РК Урдаревски Вардар. Урдаревски тргнаа со водство, имаа 3-0 а потоа и 5-1 најавувајќи дека ќе го контролираат мечот. Момците на Будимир успеаа негативата од четири гола да ја преполоват пред паузата, се замина со 8-6 за Урдаревски. Со што си ги зголемија шансите за успех.
Во вториот дел, тимот на РК Урдаревски со игра гол за гол ја одржуваше предноста од два плус се до 12-10. Тогаш започна налетот на ривалот, најпрвин со серија 0-3 направија пресврт и поведоа со 12-13. Потоа во игра гол за гол тој еден гол „капитал“ го сочуваа и победија со 15-16.
Во второто полуфинале, РК Бисинов од Велес го совлада тимот на РК Филип Вардар од Прилеп со 26-12 и обезбеди финале. Велешани поведоа со високи 5-0 на почетокот, со што го предодредија текот на првиот дел. Со умешна игра од минута во минута само ја зголемуваа предноста која изнесуваше 8 за време на паузата. Тие замина на одмор со резултат 13-5.
Во вториот дел влегоа силовито па по пет минути игра водеа со 13, гола, тие успеаа да стигнат до резултат 20-7. Се беше решено во тие моменти кога во прашање беше патникот во големото финале на турнирот. Прилепчани успаа потоа да одиграат значајно подобро и играа гол за гол. Финалето беше обезбедено со резултат 26-12.