Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар убедливо го победи Работнички, генер. 2006 ќе игра во 1/4 финалето од Купот на Македонија
Вардар убедливо го победи Работнички, генер. 2006 ќе игра во 1/4 финалето од Купот на Македонија

Вардар убедливо го победи Работнички, генер. 2006 ќе игра во 1/4 финалето од Купот на Македонија

Генерацијата 2006 на ФК Вардар успеаа да се пласира во 1/4 финалето од националниот Куп, откако денес славеше на гостувањето кај екипата на Работнички. Натпреварот се одигра на теренот на Локомотива и заврши со резултат 0:5 во корист на црвено-црните.

Доминација за избраниците на Филип Спасески, кои немаа големи проблеми да го совладаат градскиот ривал. Победата се насетуваше уште во првите минути од дуелот кога Андреј Величковски погоди уште во 3.минута од натпреварот за предност од 0:1. Се играше 10.минута од мечот, кога мрежата на Работнички ја затресе и Алтин Алији, за веќе водство од 0:2. За да имаме мирно второ полувреме, се погрижија Марко Николовски кој во 27 минута донесе предност од 0:3, како и Нуман Ајетовиќ кој во последната минута од првото полувреме погоди за 0:4, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме падна уште еден гол во мрежата на домаќинот, истиот го постигна Марко Николовски, за кој ова беше втор гол денес.

Вардар: Данчевски, Ајетовиќ, Јанкоски, Порчу (c), Величковски, Алији, Николовски, Спасовски, Николов, Нурединовски, Миовски.

Во игра влегоа уште: Цониќ, Настевски, Динов, Краљевски, Анастасов, Ордевски и Танчев.