Канцеларијата на СЕХА Газпром лигата ги извести сите клубови учесници дека осминафиналните натпревари ќе треба да се одиграат во мај годинава според планот. Датумите дополнително ќе бидат одредени.
Двојките за осминафиналето ќе бидат познати откако ќе бидат одиграни одложените натпревари кои исто така треба да бидат во мај, согласно епидемиолошките мерки во сите земји од каде доаѓаат екипите.
Со оглед на епидемиолошката ситуација и најавите за вакцинација на спортистите и учесниците во лигата, и поради недостаток на датуми во календарот за оваа сезона решено е четвртфиналните натпревари од СЕХА лигата да е играат во август.
Почетокот на мечевите би бил 15 август, а точните датуми ќе бидат познати по консултациите со екипите.
Извршниот комитет на СЕХА лигата реши следниот Ф4 турнир да се одржи во Задар, Хрватска од 3 до 5 септември 2021 година.