Оваа сезона завршниот турнир во СЕХА лигата е предвидено да се одигра во Хрватска, во градот Осијек. Кон крајот на април се очекува најдобрите четири екипи од регуларниот дел на сезоната да се борат за трофејот во ова натпреварување. Веќе се наѕираат три екипи кои најверојатно ќе се најдат на Ф4, тоа се нашиот Вардар, потоа екипата на ППД Загреб, а за прв пат на завршниот турнир големи шанси има да се најде екипата на Нексе. Четвртиот учесник ќе се бара помеѓу екипите на Татран Прешов и Брест Мешков, кои имаат еднаков број на освоени бодови и во последните пет кола ќе се борат да го освојат тоа четврто место на табелата кое носи пласман на Ф4.
Вардар е актуелен освојувач на СЕХА лигата и тим кој е најтрофеен со вкупно четири трофеи. Два има екипата на Веспрем, додека еден има ППД Загреб.