Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали ова е конечна одлука, Ф4 турнирот во СЕХА ќе се одигра на почетокот на месец септември
Дали ова е конечна одлука, Ф4 турнирот во СЕХА ќе се одигра на почетокот на месец септември

Дали ова е конечна одлука, Ф4 турнирот во СЕХА ќе се одигра на почетокот на месец септември

Завршниот турнир во СЕХА-лигата најверојатно ќе се одигра во првата недела од месец септември.

Како што најави директорот на ова натпреварување, Синиша Остојиќ, идеален термин за финиш на оваа натпреварувачка сезона би било во септември. Најпрво ќе треба да се одиграат заостанатите натпревари од 1/4 финалето, помеѓу Вардар и Нексе, односно Веспрем и Војводина. Екипите на ППД Загреб и Брест Мешков веќе се пласираа на Ф4 турнирот кој според планираното треба да се одржи во Задар.

Сигурно е дека екипите кои ќе играат на завршниот турнир ќе бидат со променет состав од актуелниот, додека во наредниве денови треба да биде познат и конечниот список на учесници во натпреварувачката сезона 2020/21.