Младиот лев бек на Вардар, Дејан Кукуловски, во новата сезона ќе настапува за екипата на Еурофарм Пелистер. Кукуловски и новиот клуб во претстојниве денови треба да стават потпис на соработка.
Се работи за играч кој ги има поминато младинските екипи на Вардар, инаку потекнува од школата на Младост од Ресен. Настапуваше за составот на Вардар Јуниор кој се натпреварува во Супер-лигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим. Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека оваа сезона успеа да постигне и два гола на натпреварите во Лигата на Шампионите.
Еурофарм Пелистер гради екипа, која во новата сезона ќе биде сериозен конкурент на вардарци, за освојување на двојната домашна круна.