На 26 октомври 2016 година управата на РК Вардар направи вистински „бомба трансфер” со доведувањето на Даинис Кристопанс во Скопје со кој беше потпишан договор на три години.
Од доаѓањето на Кристопанс во редовите на Вардар работите останаа исти. Иако се очекуваше Вардар да загуби многу со заминувањето на Алекс Душебаев на десната бековска позиција, сепак, играчот од Летонија го замени популарниот Алекс фантастично. „Летонскиот џин“ беше еден од главните играчи кој го водеа Вардар до својата втора шампионска титула во Лигата на шампионите. Сега, по неколку години, за жал Даинис се реши да си замине од Скопје и Вардар и до крајот на сезоната да настапува во тимот на Фуксе Берлин.
„Вардар Фанс” му се заблагодарува за сите натпревари во Вардар и му посакува еден ден да се врати во нашиот тим.
Уживајте, неколку фотографии и видео од Даинис Кристопанс: