Македонската фудбалска репрезентација до 18 години го загуби првиот контролен натпревар од селекцијата на БИХ. На мечот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ славеше противникот, минимално со резултат 0:1.
Босна ја искористила својата единствена шанса и постигна гол во првото полувреме, додека Македонија пропушти неколку зрели прилики за погодок. За овој меч во стартниот состав на Македонија се најде Леонид Игнатов, додека во игра во второто полувреме влегоа Петар Гугуљанов за кој ова беше деби во националниот дрес, потоа Али Асани и Виктор Крстевски.
Во четврток на истиов терен, двете репрезентации ќе одиграат уште еден контролен меч.
ФОТО: Sportmedia.mk