Во сабота РК Вардар ќе го одигра реваншот од 1/8 финалето во Л.Ш против тимот на Висла. Нашиот тим ќе брка нов пласман во 1/4 финалето. По тој повод управата на РК Вардар ќе организира заедничко следење на натпреварот за сите љубители на црвено – црните бои кои нема да бидат во салата. Од клубот го велат следното:
Сакајќи да им излезе во пресрет на сите свои фанови кои сакаат да ја почувствуваат победничката атмосфера, да ги зголемат навивачките децибели во салата каде гостите треба да „изгорат”, македонскиот првак реши да направи фан зона, и да им овозможи на сите заинтересирани да бидат дел од овој хепенинг.
Фан зоната ќе биде пред СЦ „Јане Сандански” и ќе биде отворена од 15 часот па се до почетокот на натпреварот.
Таму заедно ќе ги пречекаме нашите ракометари и ќе им дадеме поддршка пред влегувањето во салата каде сигурно ќе врие од навивачки набој и многу песни. Ќе им покажеме на гостите дека нашата тврдина е неосвоива, и никој неможе да ни застане на зацртаниот пат.
Покрај убавата атмосфера ќе има и добра музика за забава на присутните, селфи зона, продажба на навивачки реквизити, и храна и пијалоци по пристапни цени. Но, тоа нема да биде се…
Треба да бидете таму да ја почувствувате атмосферата, и да ги видите сите изненадувања
Дојдете заедно да се радуваме на нов успех на Вардар. Ве очекуваме во сабота пред Сц „Јане Сандански”.