На вчерашниот тренинг во малата сала во „Јане Сандански“ присутен беше и Тимур Дибиров. Русинот со остатокот од тимот ги извршување задачите зададени од Раул. Во одреден период од тренигот рускиот крилен играч застануваше на линијата од 7 метри.
Дибиров вежбаше пенали за полесна реализација на мечот од елитната европска шампионска лига. Тој против себе го имаше најдобриот светски голман за изминатата деценија на цела планета. Тимур е вардаровиот “егзекутор“ на мечевите од елитната лига.