Рускиот ракометен интернационалец Сергеј Горбок го пропушти гостувањето на црвено-црниот ракометен колектив кај екипата на Висла Плоцк. Тој заради повреда не настапи на овој прв осминфинален меч од ЕХФ Лигата на шампионите. Горбок вчера тренираше со колегите во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“, тој работеше на тактичко-технички вежби без поголем напор.
Горбок вчера работеше делумно со тимот под посебна програма, дали шефот на стручниот штаб на црвено-црните шпанецот Раул Гонзалес ќе се одлучи да го штеди и во реваншот или ќе го користи останува да видиме.