Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шест девојки од Жрк Вардар се пласираа на олимписките игри во Рио
Шест девојки од Жрк Вардар се пласираа на олимписките игри во Рио

Шест девојки од Жрк Вардар се пласираа на олимписките игри во Рио

Шест девојки од ракометниот клуб Вардар обезбедија пласман на олимписките игри во Рио (Бразил). Изминативе денови тие со своите репрезентации играа на квалификациски турнири, на кои се бореа за едно од првите две места кои носеа на олимпијадата.

Црна Гора за која настапија Јованка Радичевиќ, Итана Грбиќ и Андреа Кликовац на квалификацискиот турнир во Архус забележаа две победи и тоа против домаќинот Данска и Уругвај, додека ремизираа на натпреварот со Романија.

Франција исто така со две убедливи победи на свој терен обезбеди пласман на олимписките игри во Рио. Сираба Дембеле и Амандин Лејно славеа во дуелите со Тунис и Јапонија и го заверија учеството на олимпијадата.

Последната ракометарка која обезбеди учество во Бразил е Олга Черноиваненко. Русините забележаа победи во мечевите со Полска и Мексико и се најдоа на олимпскит игри.