Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Стартува пролетниот дел на фудбалската “Јуниор“ лига
Стартува пролетниот дел на фудбалската “Јуниор“ лига

Стартува пролетниот дел на фудбалската “Јуниор“ лига

На почетокот на месец април ќе започне пролетниот дел од фудбалската Јуниор лига. Овој најнов проект на ФК Вардар кој започна да се реализира од оваа сезона имаше успешен почеток.  Целта на оваа лига е да се прошири низ сите градови во Македонија. За сега свои деца имаме во Охрид, Ресен, Штип и Валандово и Скопје. Фк Вардар генерација “2003“ и “2005“ го освои првото место на завршниот турнир на “Јуниор лигата“ , кој во есенскиот дел се одигра во населбата Ѓорче.

Ова се екипите кои се натпреваруваа во првиот дел од сезоната во фудбалската Јуниор лига.

ФК Мал Ајакс – Вардар, Штип
ФК Тотал Фудбал – Вардар, Ресен
ФК Еврофудбал – Вардар, Охрид
ФК Куманово Еуроспорт – Вардар, Куманово
ФК Слога 1934 – Вардар, Виница
ФК Спортефе – Вардар, Скопје
ФК Форца – Вардар, Скопје
ФК Валандово – Вардар, Валандово.

Најдобрите деца од овие школи се земаат да настапуваат за младинските генерации на фудбалскиот клуб Вардар. Неколку такви кои задоволија на натпреварите во Јуниор лигата, добија шанса да бидат дел од најголемиот клуб во Македонија. Предвидено е првиот турнир во пролетниот дел да се одигра во Скопје. Според предвидениот натпреварувачки систем за пролетната полусезона, Вардар Јуниор лигата ќе биде поделена во две „А“ и „Б“ групи. Учество ќе земат вкупно дванаесет (12) екипи, со генерациите 2002, 2003, 2004 и 2005 година. Вкупно ќе се одиграат пет (5) кола од секоја група, со напомена дека еден викенд ќе играат генерациите 2002 и 2003, а наредниот момчињата родени во 2004, односно и 2005 година.

а крајот, во месец јуни ќе биде организиран и летен камп, во рамките на кои ќе биде одржан и завршниот турнир, со учество на сите регионални единици. На овој камп ќе се одиграат финалните натпревари и ќе бидат прогласени конечните победници, во секоја од возрасните категории.