Утре стартуваат возбудувањата во полуфиналето на националниот куп кај младинските фудбалски категории. Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар на теренот во Марино ќе ја пречекаат екипата на Металург, во рамките на првиот полуфнален дуел од купот. Мечот ќе започне во 12 часот.
Овие две екипи веќе одиграа еден натпревар во пролетниот дел, кој го добија црвено-црните со резултат 3:1. Пред да стигнат во полуфиналето, избраниците на Сашо Тодоровски беа убедливи во осминафиналето и четвртфиналниот меч. Без примен погодок во дуелите со своите противници се најдоа во полуфиналето. Во 1/8 бевме подобри од екипата на Академија Пандев (0:6), додека во 1/4 со вкупен резултат од 7:0 ја елиминиравме Прилепска Победа.
Во пролетниот дел од првенството, пионерите на Вардар забележаа една победа и еден пораз. Загубивме во дербито со Работнички, додека на домашен терен бевме подобри од Победа. Се надеваме дека утре ќе одиграме добар меч и ќе обезбедиме поволен резултат, пред реваншот кој следи на теренот на Железарница. Во среда своите мечеви од купот ќе ги одиграат кадетите и младинците на ФК Вардар.