Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Филип Вардар имаше успешно коло во Јуниор лигата, со две победи генер. 2000/01 година
РК Филип Вардар имаше успешно коло во Јуниор лигата, со две победи генер. 2000/01 година

РК Филип Вардар имаше успешно коло во Јуниор лигата, со две победи генер. 2000/01 година

Викендов продолжија натпреварите во ракометната Јуниор лига. Во спортскиот ракометен центар Кале се одиграа натпревари во женска конкуренција. Победа забележа екипата на РК Филип Вардар во дуелот со екипата на Академија 2, во генерација родени 2000/01 година.

РК Филип Вардар имаше почетна предност од 2:0 и 4:2 за во средината на првото полувреме Академија 2 да го израмни резултатот на 4:4. Следиме и прво водство на овој дуел за Академија 2 од 4:5. Од тој момент РК Филип спева да постигне четири голови во серија за највисоки 8:5. Инаку на полувреме се замина со резултат 7:5.

Во второто полувреме следевме неизвесен натпревар. Академија 2 успева најпрво да направи комплетен пресврт во мечот за второ водство на овој дуел од 8:9. Сепак финишот целосно му припадна на РК Филип, кој ја враќа серијата на Академија 2. Конечниот резултат гласеше 12:10. Ова беше втора победа во еден ден за РК Филип Вардар. Истава екипа успеа да излезе како победник и во мечот со тимот на Академија 1.