Според планираното со многу автограми, цвеќиња и заеднички фотографии и големата дружба ракометарите ќе им го честитаат празникот на жената на сите свои фанови од понежниот пол. Исто така и дружбата ќе има и штанд, на кој фановите ќе можат да купат билети за натпреварот со Веспрем кој ќе се игра попладнето истиот ден (8 март). Мечот е закажан со почеток во 17:45 часот, а секој оној кој што ќе купи две ќе добие една карта како подарок од нашите ракометари.