Саботата во спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра мечот од последното коло во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите помеѓу нашиот Вардар и фрнцуски Монпелје. На овој меч црвено-црните победиа со 34-26 , најефикасни во нашиот табор беа Душебаев и Манасков. Алекс Душебаев со своите седум погодоци, а пред се одличната игра во поле на овој дуел се најде во иделната постава во изборот на ЕХФ ТВ за ова 14-то и воедно последно коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Видеото од изборот на најдобрата седморка ова последно коло од разигрувањето по групи во најелитната европска ракометна машка конкуренција ќе може да го проследите – ТУКА.