Пионерките на РК Вардар стигнаа до првата победа во лигата, откако на натпреварот одигран на Кале беа подобри од екипата на Овче Поле. Добрата одбрана на Вардарки беше пресудна за убедливиот триумф. Во вториот дел му дозволивме на противникот да постигне само три голови. Конечниот резултат гласеше 26:9. Целиот натпревар го контролиравме и како одминуваше мечот се повеќе ја зголемувавме предноста. Најефикасни ракометарки кај црвено-црните беа беа Андреа Седлоска со 5 и Марија Галевска со 4 постигнати голови.
-Влеговме сосема мотивирани и спремни на натпреварот. Советите од нашиот тренер Драгана беа доволни за да го добиеме овој натпревар. Јас сум многу задоволна од играта и од моите соиграчи, но секогаш може подобро. Од самиот почеток па се до крајот на натпреварот предноста беше на наша страна. На противникот не му дозволивме ниту во еден момент да го превземе водството. Се надевам дека секој следен натпревар ќе ни биде предизвик за нова победа.Верувам дека ќе оствариме уште поголеми успеси од минатата година, изјави Марија Галевска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски