Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар со пресврт во второто полувреме го “освоија“ Кичево
Младинките на ЖРК Вардар со пресврт во второто полувреме го “освоија“ Кичево

Младинките на ЖРК Вардар со пресврт во второто полувреме го “освоија“ Кичево

Младинките на ракометниот клуб Вардар стигнаа до втората победа во пролетниот дел од сезоната, вкупно шестта во младинската лига. Избраничките на Билјана Пецевска со триумф се вратија од гостувањето во Кичево, против истоимената екипа. Иако на полувреме имавме негатива од 14:11, во второто полувреме комплетно го свртивме резултатот во наша корист, за конечни 24:28 на овој натпревар.

Кичево беше екипата која прва го отвори резултатот и подобро го започна мечот, веќе по првите пет минути имаа водство од 4:1. Во следните неколку минути нашите младинки заигруваат поквалитетно и успеваат да намалат на само еден гол негатива од противникот (5:4). Следи нова серија на домаќинот од три последователни голови за повторно да имаат висока предност од 8:4. Во овој дел од натпреварот Кичево беше подобрата екипа на теренот, во еден момент имаа и највисоки пет голови позитива 12:7. Сепак до крајот на првото полувреме, Вардарки успеаа да воспоставата резултатска неизвеснот и на одмор да се замине со резултат 14:11.

Вториот дел исто така започна со погодок за Кичево, кој ја врати позитивата од четити голови, која ја одржуваа и до средината на вториот дел. Како одминуваше мечот, црвено-црните почнаа да играат се подобро, одбраната функционираше на високо ниво, што резултираше со доближување на водството на Кичево на само еден гол (21:20). Следи серија наша од два погодоци за прва предност на овој меч од 21:22. Решавачкиот исчекор Вардарки го направија во последните 6 минути, кога успеаа со нова серија на погодоци да поведат со 22:26. Кичево немаше веќе сили за надигрување и враќање во натпреварот. Вардар забележа победа од 24:28.

Втор натпревар по ред Ива Божиноска е најефикасна наша ракометарка со 7 постигнати голови, додека Тина Тодорвска и Сашка Филипоска додадоа по 4.

ЖРК Вардар: Мицевска, Костовска, Китановска 1, Божиноска 7, Стамова, Колевска,  Стојмановска 2, Карчева 3, Георгиевска, Пецевска 1, Станиќевска 1, А.Тодоровска, Костадиновска 3, Т. Тодоровска 4, Филипоска 4, Иванова 2.