Во следното, 8.коло во ЕХФ Лигата на шампионите се очекува голема ракометна битка во Скопје, во Спортскиот центар “Јане Сандански“. Нашиот миленик, европскиот првак Вардар ќе го игра дербито на колото, гостува германскиот тим Рајн Некар. Бундеслигашот е исто така без пораз во групата, па се очекува голема битка на двата квалитетни состави кои лани победија во меѓусебните дуели нагости едни кај други.Рожерио Мораес пикерот на вардарци ветува голема битка и оптимистичен пред овој дуел:
Тоа дека ова ќе биде натпревар на неделата според ЕХФ, кажува многу. Тежок меч за кој квалитетно се подготвуваме и технички и тактички. Тие ни се директен противник за првото место во групата. Имаме одличен ритам, кој сакаме да го задржиме и да ја одбраниме лидерската позиција. Важно е да се победи дома и да се остане на врвот во А-групата, а треба да се реваншираме за ланскиот пораз, не сакаме да се повтори тоа.