Денешниот меч помеѓу Веспрем и Вардар, кој е реприза на финалето од ЛШ во Келн е во фокусот на ракометната јавност. Кај унгарците од црвено-црниот тим минаа дузина играч, еден од нив е Фереира Рожерио Мораес. Бразилскиот пикер успеа да дојде до две европски круни со црвено-црниот тим по што кариерата ја продолжи во умгарскиот гигант. Тој добро ги познава вардарци па во изјава за денешниот меч вели:
Вардар има неколку ракометари кои не би си дозволиле да изгубат двапати на исти начин. Тие одигра крајно лош ракомет против Кил, но тоа не значи ништо. Победата е многу важна за нас, играме на домашен терен, имаме многу подолга клупа за разлика од Вардар кој има помлад тим и не многу избор- вели Фереира.