Младинците на Рк Вардар забележаа нова победа во првенството, вкупно девета за нив. Без поголеми проблеми ја победија екипата на Охрид, со резултат 24:41. По првото полувреме беше 9:23.
Најефикасни беа Ончев и Јагуриносвки кои постигнаа по 7 голови во мрежата на РК Охрид . После подолга пауза во екипата се врати и крилото Дамчески кој на овој меч успеја да постигне еден погодок.
-Чувството кога ќе излезеш на терен после долга пауза е прекрасно. Овој момент го чекав безмалку еден месец. Мечот помина како што очекувавме сите, а тоа беше да оствариме победа и тоа го направивме, изјави Филип Дамчески за нашиот сајт.
Звонко Ивановски