Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Филип Дамчески:Работиме напорно,за повторно да ја освоиме тутулата во младинската лига.
Филип Дамчески:Работиме напорно,за повторно да ја освоиме тутулата во младинската лига.

Филип Дамчески:Работиме напорно,за повторно да ја освоиме тутулата во младинската лига.

Младинците на Рк Вардар напорно се подготвуваат за почетокот на новата сезона.Екипата предводена од Стојан Петрушевски беа на десетдневни подготовки во Маврово,каде ја темпираа формата и силата за новите предизвици.

-На подготовките во Маврово тргнавме на 15ти август , 24ти август пристигнавме во Скопје. За времето поминато во Маврово трениравме секој ден по два тренинзи дневно ,имавме два дена слободни во кој искористивме базен и џакузи за релаксација. На тренинзите се даваше максимум од сите играчи . Тренинзите кој беа наутро ,повеќе беа со трчање на стадион за подобрување на кондицијата и издржливоста на играчите.Вечерните тренинзи ни беа тактика т.е воигрување бидејќи во екипата има неколку нови играчи со кој треба да се воиграат сите .Одигравме еден пријателски натпревар со втората екипа на Вардар која ке настапи во првата лига оваа година.

После завршените подготовки во Маврово,екипата се врати во Скопје,каде продолжува со своите тренинзи во С.Р.Ц.Кале.

- Припремите продолжуваат и овде во С.Р.Ц. Кале . Имаме по еден тренинг дневно во кој се работи за координација , снага , кондиција и тактика. Сите ќе го дадеме својот максимум,и ќе продолжиме со максималната работа и се надевам дека и оваа сезона ке ја освоиме титулата во младинската лига која почнува на 5-ти октомври,изјави Филип Дамчевски за нашиот сајт.

02.09.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply