Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Филип Вардар е новиот освојувач на “Јуниор“ лигата, кај генерацијата 2000/01, избраниците на Таневски во финалето го победија Гостивар

РК Филип Вардар е новиот освојувач на “Јуниор“ лигата, кај генерацијата 2000/01, избраниците на Таневски во финалето го победија Гостивар

Екипата на РК Филип-Вардар го освоија првото место во “Јуниор“ лигата, откако денс славеа во големото финале кај генерацијата родени 2000/01 година. Избраниците на Александар Таневски во финалето беа подобри од екипата на Гостивар, која ја совладаа со резултат 22-16.

Првиот гол на мечот го постигна токму екипата од Прилеп, за во следните три минути да се игра гол за гол, а последното израмнување беше при резултат 2:2. Од тој момент екипата на РК Филип постигнува четири последователни голови и се одлепува на резултат 6:2. Тренерот Селмани побара тајмаут за да ги смири своите играчи, а неговите совети вродија со плод, кога екипата на Гостивар успеа да го намали резултатот на 7:5. До крајот на првото полувреме се одржуваше оваа разлика од два гола, а тимот од Прилеп имаше и водство од 9:6. На полувреме се замина со резултат 10:8.

18136093_10209187328502490_693870762_n

На стартот на вториот дел, екипата на Гостивар постигна гол и намали на 10:9, но избраниците на Таневски повторно го засилија темпото на игра и имаа пак три гола позиитва (12:9). Последната резултатска неизвеснот беше при резултат 13:12, кога екипата на Филип го направи решавачкиот чекор кон конечниот победник во финалето. Тие со серија од 4:1, стигнаа до највисоки четири гола разлика (17:13), со што го скршија отпорот на противникот. Гостивар немаше време да се врати во натпреварот, а Филип до крајот само го зголеми водството, за на крај да забележи триумф од 22:16.

18110662_10209187327582467_1840698854_n

Михаил Свртинов беше најефикасен со 5 голови, додека по 4 постигнаа Андреј Ѓероски и Давид Алексовски. Кај поразените се истакна Филип Илиески со 6 голови. Така Филип Вардар го презема приматот најдобри во оваа генерација, од екипата на Урдаревски, која минатата сезона го освои првото место. Третото место на завршниот турнир во оваа генерација им припадна на Кисела Вода.