Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одлично издание за генерација “2008“, која забележа две победи во детската лига

Одлично издание за генерација “2008“, која забележа две победи во детската лига

Две победи за Вардаровата генерација родени “2008“ во денешното коло од детската фудбалска лига. Денес избраниците на Павел Неделковски за противници ги имаа екипите на Форца и Спорт Ефе.

Најпрво натпревар одиграа екипите на Вардар (2) и Форца. Овој дуел му припадна на нашиот тим, кој славеше со резултат 4:3. Првата шанса на овој меч ја имаше екипата на Форца, но нашиот голман Лука Грчевски спречи негатива. Ние успеваме набрзина да казниме и да го отвориме резултатот од 1:0, со голот на Коста Бошковски. Истиов играч имаше уште една шанса, но неговиот удар завршува покрај голот на Форца. Противникот имаше шанса од слободен удар, но без реализација. Сепак екипата на Форца по неколку шанси успеа да ја погоди нашата мрежа, во прв обид одбрани Грчевски, но од втора топакта стигна до еден од противниките играчи кој носи израмнување на 1:1.

vardarfans-gener-2008-so-forca

До крајот на првото полувреме, екипата на Вардар успева да постигне два гола и на одмор да замине со предност од 3:1. Со вториот гол најпрво на Коста Бошковски, повторно поведуваме со 2:1. Нафрли од корнер, Матеј Киш, за топката со глава во голот на Форца да ја смести Бошковски. Денес ова момче одигра одличен натпревар, а добрата игра ја круниса со вистински евро гол, од речиси половина терен го матира противничкиот голман, за водство од 3:1, резултат со кој заврши полувремето.

vardarfans-vardar-2

Во второто полувреме се играше израмнето, каде двете екипи создаваа шанси. Вардар успева да зголеми на 4:1 со првиот погодок на Горазд Филипоски. Форца се врати на натпреварот и со два гола во нашата мрежа, намалија на 4:3 и во последните пет минути внесоа неизвесност. Сепак нашите надежи не дозволија да примат нов гол, а еден од хероите денес беше Лука Грчевски, кој спаси неколку чисти голови на противникот и секако беше најзаслужен за победата на Вардар (2).

Поубедливо издание имаше екипата на Вардар (1) која со двоцифрен број на голови го доби натпреварот со Спорт Ефе. Голеадата на овој меч ја започна Ненад Дамјаноски кој го отвори резултатот на 1:0. Пред постигнувањето на вториот гол, во шанса се најдоа Арти Азизи и Дамјаноски, но резултатот остана нерпоменет, а исто така ја погодивме и гредата од голот на Спорт Ефе. На вториот гол не се чекаше многу време, кога Стефан Бранковски успева да погоди за водство од 2:0. Прв гол на натпреварот постигна и Стефан Марковски, за предност од 3:0. Црвено-црните беа далеку подобрите на теренот, имавме течна игра со истренирани акции, а борбеноста беше исто така една од одликите на оваа наша екипа. Прв пат во листата на стрелци се запиша и Арти Азизи за 4:0, на кој му асистираше Дамјаноски на кого е речиси половина гол. Ненад направи се сам, се ослободи од неколку противнички играчи, несебично додаде до Азизи, а овој усмечно ја смести топката во мрежата. Уште една прилика за Азизи, која остана неискористена. Нов гол за Ненад Дамјаноски, кој успешно стрела за водство од 5:0. Голманот Лука Грчевски имаше можност да се запише во листата на стрелци, но за жал неговиот удар заврши во гредата од голот на противникот. На полувреме се замина со резултат 5:0.

18056696_1314944281885748_6397441649662335201_n

Второто полувреме со шанса го отвори Азизи, но неговиот удар го одбрани голманот на Спорт Ефе. Во овој дел од мечот исто така бевме доминантни и постигнавме уште пет голови. Матео Кесиќ со своите први погодоци зголеми на 6:0 и 7:0. Нов гол во вториот дел и за Стефан Бранковски, за убедливи 8:0. До крајот на мечот успешно стрелаа Павел Андов за 9:0 и Стефан Марковски за конечен резултат од 10:0.