Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци ја умртвија цела игра на Фленсбург и нивното најопасно “оружје“, нивните најдобри три стрелци завршија со само пет голови

Вардарци ја умртвија цела игра на Фленсбург и нивното најопасно “оружје“, нивните најдобри три стрелци завршија со само пет голови

Вардарци забележаа многу вредна и важна победа на вчерашниот прв четврфиналето натпревар и тоа на теренот на противникот. Фленсбург беше немоќен пред домашната публика и на крајот мораше да му подаде рака на нашиот состав. Црвено-црните со два гола предност (24:26) се вратија од гостувањето во Германија и со позитива ќе го започнат реваншот во Скопје, кој на програмата е во четврток во спортскиот центар Јане Сандански.

Вардар одигра перфектни 60 минути на гостувањето во Германија, каде ги сопра најдобрите играчи на Фленсбург. Само за потсетување нивниот најдобар стрелец и Германски репрезентативец, Хонгер Гландорф го заврши натпреварот со еден постигнат гол, додека крилото Егер кој важи за еден од најдобрите на својата позиција исто така само еднаш се запиша во листата на стрелци. Покрај тоа во еден наврат, нашиот голман Арпад Штербик му скроти удар од седум метри. Не се прослави многу ниту Кентин Мане кој постигна само три гола. Отсечени беа во нападот и нивните крила, покрај Егерт воопшто на овој меч не се виде ниту другото Данско крило, Ласе Сван, кој исто така важи за едно од најдобрите десни крила, додека неговиот соиграч на истата позиција, Богдан Радивојевиќ имаше само два постигнати гола и тоа во брз временски интервал, после што следеа две одбрани на Арпад кој целосно го стави во сенка репрезентативецот на Србија до крајот на натпреварот. Да не збориме за тоа дека целосно ја “умртвивме“ нивната брза игра, која е најголемото и најопасното оружје, не само за оваа екипа, туку и за сите останати кои играат во најсилната бундес-лига. Со одбраната 5-1 и со излегувањето на Кањелас напред, целосно ја успоривме нивната бековска линија, која изгледаше непрознатливо во однос на претходните натпревари од лигата на шампионите. Самиот податок дека постигнаа само еден гол за 7 минути и четири за 20 минути, говори за нашата супериорна одбрана на овој натпревар.

Немаше да биде се исто, ако на голот го немавме Арпад Штербик, кој мечот го заврши со 17 одбрани, од кои најголем дел од нив беа зицер удари на домаќинот. Во нападот ги имавме расположените Циндриќ, Душеабев, Дибиров и Чупиќ, но и борбениот Мораес Фереира, кој им правеше многу проблеми на противничката одбрана. Ние пак игравме и без Игор Карачиќ, кој најверојатно поради мала поведа не влезе на овој меч и од клупа го проследи натпреварот. Се надеваме дека ќе го имаме целосно опоравен во четврток и со останатиот состав да соберат сили да не израдуваат во Јане Сандански. Вардар никогаш не бил поблиску до завршниот турнир, а ова е голема шанса за “војската“ на Раул Гонзалес.