Вардаровата генерација родени “2007“ година во денешното коло од детската лига одиграа два натпревари и забележаа една победа и еден пораз.
Вардар (1) забележа нов триумф и остана и по ова коло со максимален број на освоени бодови во детската лига. Избраниците на Зоран Петковски се сретнаа со екипата на Албион, која ја победија убедливо со резултат 9:2. Интересно противникот беше тој кој прв го отвори резултатот на овој меч. Направивме греша која еден од играчите на Албион ја казни со удар во долниот десен агол од нашиот гол бие за водство од 0:1. Првиот обид Вардар го имаше преку Младеновски, на асистенција од Мицевски, но топката заврши покрај голот на Албион. Имавме можност да го израмниме резултатот преку Милош Спасовски, но противничкиот голман со рефлексна интервенција спасува чист гол. Сепак Вардарци успеваат да го израмнат резултатот и тоа со лоб удар на Борјан Томовски, кој погодува за 1:1. Одлично играа црвено-црните, а како резултат на тоа дојдоа многу голови и шанси. Имавме одлична акација која ја започна Грашески, кој се сам направи додаде до Борјан, но овој беше прекраток во својот завршен удар. Стефан Младеновски беше следниот кој се обиде, но топката на само неколку сантиметри заврши од голот на Албион. Шансите се редеа на филмска лента, а Шаботиќ немаше среќа кога ја погоди пречката. Сепак противникот немеожеше вечно да се брани, со што започна голеадата во нивната мрежа. Водство прво на овој меч на Вардар му носи Борјан Томовски, кој со својот втор гол го донесува својот тим до предност од 2:1. До крајот на првото полувреме успеваме да зголемиме, со голот на Петар Мицевски, за резултат од 3:1, кој беше актуелен на полувреме.
Во вториот гол нови голови во мрежата на Албион, а посебно активен во вторите 25 минути од мечот беше Драган Лебариќ кој постигна хет-трик. По еден гол во второто полувреме беа дело на Милош Спасовски и Петар Мицевски, за кој ова беше втор на мечот. Серијата на погодоци ја затвори Александар Грашески, кој ги поставува конечните 9:2, на овој дуел.
Многу слаб натпревар одигра екипата на Вардар (2), која беше поразена во дуелот со екипата на Смиљковци. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 1:4. Иако Вардар поведе на овој меч со голот на Никола Јовановски за 1:0, до крајот на натпреварот противникот постигна четири голови во наѓата мрежа и не совлада со резултат 1:4. На полувреме резултатот беше 1:3. Во вториот дел имавме шанси преку Радевски, кои останаа неискористени.