Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лигата: Девојките на РК Филип Вардар и Карпош Вардар финалистки во генер.2000/01

Јуниор лигата: Девојките на РК Филип Вардар и Карпош Вардар финалистки во генер.2000/01

Денес во рамки на полуфиналињата кај генерација 2000 и 2001 кај девојките во Вардар Јуниор лига екипите на Карпош Вардар од Куманово и  Филип Вардар од Прилеп обезбедија место во дуелот за пехарот. Кумановчанки во полуфиналето победија  против Вардар Виница со 20:10 (9:6), а Филип Вардар беше поуспешен од Кузман Вардар со 20-11 (9-6). Финалето ќе се игра  во 17-00 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Во првиот дуел Филип Вардар беше поуспешен од скопската екипа  Кузман Вардар. Први со гол мечот го отворија прилепчанки тие поведоа со 1-0, нa што скопјанки одговорија со гол за 1-1. Во 4 минута беше 2-2 тоа беше последен пат девојките на Кузман да имаат повален резулат на овој дуел. Прилепчанки со два гола поведоа со 4-2 во продолжение.  Во игра гол за гол тие доминираа до крајот ја бранеа својата предност и со плус три 9-6 заминаа на одмор.

3

Вториот дел почна со погодок за девојките на Александар Таневски кои поведоа и со 10-6 најавувајќи триумф и место во финалниот натпревар. Од минута во минута РК Филип Вардар ја зголемуваше предноста па така на крајот победи со “плус девет“. Прилепчанки обезбедија финале со резулат 20-11. Кај нив најистакнат поединец беше Тамара Димовска со 7 гола , а Цветковска Сања даде 5 гола, кај екипата на РК Кузман Вардар 4 гола даде Александра Марковска.

РК Карпош Вардар

РК Карпош Вардар

Екипата на РК Карпош од Куманово во вториот дуел триумфираше над Вардар Виница. Први со гол мечот го отворија екипата на Виница која поведе со 1-0, не следуваше налет на кумановчани во продолжение. Тие прават серија 0-4 и поведуваат со “три плус“ односно 1-4  во 5 минута од овој дуел. Девојките од тимот на РК Вардар Виница не се предаваат и пред крајот на првиот дел со серија 6-2 успеваат да изедначат на 6-6 и да внесат неизвесност во овој дуел. Девојките на Наташа Младеновска  и И.Миодраг-Црни прават серија од 0-3 со која идат на одмор со предност од 6-9.

4

Вториот дел почна со гол за РК Карпош кои зголемија на 6-10. Во 6 минута од вториот дел кумановчанки отидоа првпат на плус пет поведоаа  со 7-12.  Од тој момент се до крајот тие продолжија да доминираат успеаа за 14 минути да ја дуплираа предноста и триумфираа со “плус десет“ 10-20. Прв стрелец кај победникот беше Ангела Јакимовска со 6 гола, кај поразените Ана Лазаревска постигна 3 погодоци.