Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Со нова победа, пионерите на РК Вардар го освоија петтото место на турнирот во БИХ

Со нова победа, пионерите на РК Вардар го освоија петтото место на турнирот во БИХ

Пионерите на ракометниот клуб Вардар го освоија петтото место место на турнирот “Ракометот во срцето“, кој изминативе три дена се игра во три града во Босна и Херцеговина. Избраниците на Андријана Будимир на завршниот свој натпревар на овој турнир беа подобри од екипата на РК Босна со резултат 18:22.

Противникот беше прв кој го отвори резултатот на овој меч, додека Вардар во својот прв напад израмни со голот на Бојан Чакалиќ. Имаше екипата на Босна и предност од 3:2, но црвено-црните со серија од три погодоци и тоа два на Дамјан Димитриевски и Бојан Чакалиќ поведоа со 3:5. Сепак екипата на Босна успева да воспостави резултатска рамнотежа и во 7 минута од мечот да го израмни резултатот на 6:6. Сепак од тие моменти следи серија на Вардар од 0:5, за во 13 минута да имаме највисоки 6:11. Во овој период расположен за игра беше Велимир Грујовски, која ја најави серијата на голови. До крајот успеваме да ја одржиме оваа предност и на полувреме да заминеме со водство од 8:13, со последниот гол во првиот дел на Благој Димчевски.

Вториот дел исто така започна со гол на РК Босна, кои во следните три минути успеваа да намалат на 11:14. До 26 минута, екипата на Босна воспоставуваше резултатска рамнотежа, кога предноста на Вардар се движеше од 2-3 голови разлика. За да нема неизвесен финиш се погрижија избраниците на Будимир, кои со серија од 0:3 ги вратија највисоките пет гола (17:22). До крајот противникот псотигна еден гол и ги постави конечените 18:22 на овој натпревар.

Во нашиот состав Бојан Чакалиќ беше најефикасен со 5 голови, додека 4 постигна Дамјан Димитриевски. Утрово нашите надежи ја победија екипата на Слога. Вкупно на целокупниот турнир забележавме четири победи, еден нерешен резултат и еден пораз.