Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Филип Вардар и Урдаревски триумфално во машките дуели од Јуниор лигата кај генер.2004/05
Филип Вардар и Урдаревски триумфално во машките дуели од Јуниор лигата кај генер.2004/05

Филип Вардар и Урдаревски триумфално во машките дуели од Јуниор лигата кај генер.2004/05

Кај момците во генерација родени 2004 и 2005 година денес во рамки на 3.коло од Јуниор лигата се одиграа две средби. На мечевите одиграни во С.Ц “Јане Сандански“ во големата сала победи остварија тимовите на РК Урдаревски Вардар и РК Филип Вардар.

a3

Во еден интересен натпревар РК Урдаревски Вардар од Скопје го совлада тимот на РК Филип Вардар од Прилеп со резултат 22-20. Првиот дел почна со по еден гол за почетни 1-1, од тогаш па се до 7-7 еден тим поведуваше со гол предност а другиот ја враќаше резултатската симетрија. Скопскиот тим со серија 3-1 успеа да се одлепи првпат поведувајќи со 10-8 на оваа средба.  Со игра гол за гол потоа успеа овие два гола “капитал“ да ги однесе на одмор, резултатот на полувреме беше 13-11 за РК Урдаревски Вардар.

a2

Вториот период  започна со рамонправна игра и постојано се играше гол за гол, по 8.минути игра прилепчани успеаа да се доближат само на гол негатива,16-15. Следеше одлична игра на скопскиот тим во одбраната, што беше наградено во напад со серија 4-0, со која првпат отидоа на “плус пет“, 20-15. До крајот РК Филип Вардар се обиде да ја загорзи предноста, само ја намали, но мораше да се помири со пораз. РК Урдаревски Вардар дојде до триумф со два гола повеќе, 22-20 на ова одлична средба.

a8

Во вториот дуел РК Филип Вардар дојде до лесна и убедлива победа во средбата со РК Ангели Вардар со резултат 30-15. На почетокот на дуелот се играше изедначено беше 1-1 па 2-2 на семафорот. Прилепчани во продолжение заиграа ангажирано во одбраната, во нападот казнуваа постојано и направија висока серија 6-0, со истата поведоа со 8-2.  Од минута тие го зголемува водството па на пауза заминаа со двоцифрена предност од 10 гола. На одмор се замина со водство на РК Филип со 15-5.

a4

На почетокот двата тима одиграа со високо темпо, се играше гол за гол на двете страни. Во двете мрежи во почетните 7.минути видовме по шест гола за резултат 21-11. Потоа РК Филип Вардар наметна побрзо темпо па на еден гол на скопскиот тим прилепчани одговараа со два. На крајот победија со 15 гола разлика односно со резултат  30-15.

a5